Volkswagen Transporter 7 – Први фотографии

Чекор во дигитализацијата и електрификацијата

Volkswagen ги објави првите фотографии на новиог Transporter кој својата официјална промоција ќе ја има на салонот на комерцијални возила IAA во Хановер во септември. Седмата генерација на популарниот доставен модел која се раѓа во соработка со Ford ќе понуди повеќе простор, поголема носивост, поодбра ефикасност и разновидна палета погонски агрегати. Дизел верзиите ќе бидат на располагање со 110, 150 и 170 KS, новоразвиениот плаг-ин хибриден мотор ќе има системска сила од 232 KS, а електричните модели ќе бидат достапни со моќност од 136, 218 и 286 KS и батерии со капацитет од 64 kWh. За потешките предизвици ќе бидат задолжни верзиите со погон на сите четири тркала, а се очекува и електрична верзија со два електромотора, како и изведба со помали батерии намената за градска достава.

Идната генерација на Transporter ќе има потполно нова модерна внатрешност. Сите верзии ќе се стартуваат со  копче, а информациите за возачот ќе се испраќаат преку 12-инчна дигитална инструмент табла и 13-инчен централен дисплеј. Мултифункционалниот управувач ќе биде дел од стандардната опрема, а рачната сопирачка е на копче. Во однос на претходникот Transporter во верзијата со стандардно меѓуоскино растојание ќе биде подолга за 146 и поширока за 128 mm и ќе располага со 5,8 кубни метри простор за товар. Подолгата верзија во однос на основната е продолжена за 40 сантиметри и ќе нуди максимален товарен простор од 9 кубни метри.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER