Новиот кросовер, кој има верзија и со седум седишта, по димензии е помеѓу Tiguan и Touareg.
На ланската смотра на автомобили во Париз Volkswagen го претстави Tayron.
Веднаш по премиерата публиката го прогласи за харизматичен модел кој ги носи традиционалните вредности на компанијата, но се наметнува со неговиот „меѓуброј“. За некои купувачи димензиите на Tiguan не се доволни, за некои Touareg е премногу гломазен.
Одговорот е Tayron, модел што е приспособен за сите потреби и вкусови. На втората средба, во салонот на Volkswagen, како сите коцки да легнаа на своето место.
Tayron зрачи со персоналност која ја исткнува преку својата појава и функционалност.
Развиен и дизајниран во Волфсбург, Tayron е изграден врз најновата генерација на модуларната MQB evo платформа, а дел од технологијата е пренесена и адаптирана од Touareg.
Тој нуди комфор на високо ниво, квалитет со истакнати детали, багажен простор до 885 литри кога во него се сместени пет патници, аеродинамика со коефициент на отпор од само 0,28 и современи погони што ја акцентираат неговата сестраност. Покрај овие атрибути, Tayron може да потегне максимална тежина на приколка до 2,5 тони.
Tayron е достапен со три линии на опрема: Life, Elegance и R-Line, а веќе во првото опфаќа обемен пакет на опрема како и стандардни системи за асистенција.
Располага со дури седум ефикасни погонски системи што како основа употребуваат четири цилиндерски агрегати од 1,5 и два литри. Тоа се eHybrid, eTSI, TSI и TDI со опсег на моќност од 150 до 272 КС.
Tayron има два погони со приклучен хибрид (eHybrid) чија батерија од 19,7 kWh обезбедува возење без емисии над 100 км и домет до 850 км, еден со 48 волтен хибриден погон (eTSI), два турбо бензински мотори и два дволитрени турбо дизел мотори.
Двата чисто турбо бензински мотори и најмоќниот турбо дизел мотор се комбинирани со 4MOTION погон на сите тркала, додека останатите се со погон на предните тркала. Сите верзии се опремени со автоматски менувач со двојна спојка.
Нам Tayron нѝ остави силен впечаток и со нетрпение го очекуваме на тест возење. Во меѓу време можете и самите да се запознаете со неговите изведби во македонскиот дом на Volkswagen.


