Volkswagen – Нов хибриден систем

Volkswagen разви нова хибридна погонска група за Golf и T-Roc планирани за пазарно лансирање од четвртиот квартал годинава.

Се работи за стандарден хибрид кој комбинира 1,5 литарски турбо агрегат со електромотор и генератор кој ја полни малата литиум-јонска батерија. При возење на струја со мали градски брзини силата се пренесува на предните тркала преку едностепена трансмисија додека на отворен пат бензинскиот мотор го има главниот збор.

Возачот има на располагање три режим на работа кои ги прилагодуваат карактеристиките на системот зависно од потребите. Вкупната излезна моќност изнесува 136 или 170 коњски сили во зависност од верзијата а се планира да биде понуден и во други модели, не само од марката Volkswagen.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER