Volkswagen кркна уште една казна
Германските власти го казнија Volkswagen со милијарда евра
Објавено на 14 јуни 2018 година
Заради скандалот со дизел моторите, Volkswagen доби уште една казна. Овојпат таа стигна од родната му Германија, чии власти одредија дека мора да плати милијарда евра затоа што ги лажирал резултатите од тестирањата. Ова е една од најголемите казни било кога изречени на некоја германска компанија, но Volkswagen ја прифати и нема да се жали известувајќи дека ја прифаќаат одговорноста за кризата со дизел возилата и дека се надеваат дека со ова таа ќе биде надмината. Во образложението на властите се наведува дека заради Volkswagen-овите пропусти во одделението што развива моторите и менувачите и недостатокот на одговарачка контрола на неговата работа, од 2007 до 2015 година се продадени 10,7 милиони возила со недопуштена софтверска функција.
Дизелгејт аферата досега го чинеше Volkswagen триесетина милијарди евра.