Volkswagen – Историски успех

Волфсбуршкиот гигант е првиот производител кој ја доби наградата „Das Goldene Lenkrad“ за четири модели во еден избор

Со наградата „Goldene Lenkrad“ (Златен волан), списанието AUTO BILD и весникот BILD am SONNTAG секоја година наградуваат модели што се нови на пазарот. Оваа година, Volkswagen постигна исклучителен успех и е првиот производител во 49-годишната историја на Златниот волан кој победил во дури четири категории.

Легендарниот Golf во издание GTI Edition 50 ја покори компактната класа. Ексклузивниот модел со мотор од 325 КС и 420 Nm нуди извонредна динамика на возење и бројни дизајнерски акценти. Иако со традиционален погон тој ги освои срцата на жирито наспроти два конкуренти со електричен погон.

Кога сме кај електричниот погон триумфираше ID.7 GTX Tourer и победи во горната средна класа наспроти два модели од германски премиум производители.

Новиот Tayron се етаблира како најдобар семеен автомобил наспроти два теренци од Чешка и Шведска.

Новиот T-Roc, кој наскоро ќе биде достапен во салоните ја доби наградата од уредниците како „Најдобар автомобил под 40.000 евра“. Успехот е уште поголем бидејќи уште два модели на групацијата се закитија со признанија.

Тоа е Cupra Terramar VZ 1.5 e-Hybrid2, победник во средната класа додека во категоријата спортски автомобил е Porsche 911 GT3 кој се карактеризира со најблиската можна близина до мотоспортот, а воедно останува погоден за секојдневна употреба.

AUTO BILD и BILD am SONNTAG го доделуваат Златниот волан секоја година од 1976 година, а тој се смета за едно од најпрестижните автомобилски награди во Европа. Вкупно 72 нови модели беа достапни за избор за наградата „Златен волан 2025“. Оценките беа доделени во 17 категории во областите на погон, шасија, дизајн, квалитет, одржливост, однос цена-перформанси, безбедност и потрошувачка.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER