Volkswagen ID 7 – Автомобил на годината во Германија за 2024

Втора година по ред Volkswagen ја освојува престижната награда

Жирито составено од 29 германски и меѓународни автомобилски новинари го прогласи за „Германски автомобил на годината 2024“ Volkswagen ID 7! Со освојувањето на титулата, ова е шести електричен автомобил што победи во националниот избор. Пред Volkswagen ID 7 признанието го освоија Jaguar I-Pace во 2019 година, Porsche Taycan во 2020 година, Honda e беше избрана за GCOTY 2021 и Hyundai Ioniq 5 2022 година.

Минатата година, ID Buzz беше првиот Volkswagen кој ја освои вкупната победа и титулата за 2023 година. Трофејот го прими извршниот директор Томас Шефер кој не го криеше задоволството изјавувајќи дека победата покажува дека Volkswagen е на вистинскиот пат. Автомобилот на годината беше избран од пет победници во финалната класа.

Покрај ID 7 во категоријата „Премиум“, тоа беа MG 4 (компактен по цена до 35.000 евра), Kia EV9 (луксузен над 70.000 евра), Hyundai Ioniq 6 (нова енергија / алтернативни погони) и Porsche 911 T (Performance).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER