Директорот на компанијата го опишува идниот ID.4 како сосема поинаков автомобил
Обновениот ID.4 го чека целосна трансформација – со нов дизајн, унапредена внатрешност и подобрени перформанси. Но најголемата промена би било тоа што можеби ќе настапува како електричен Tiguan. Вака можат да се протолкуваат зборовите на директорот на компанијата Томас Шефер кој го опиша како сосема поинаков автомобил. Не треба ни да чуди зошто – ID.4 се продава одлично и логично е да се искористи моментот да му се даде уште посилно маркетиншко присуство на пазарот. Пресвртницата би требала да се случи при крајот на идната година и дотогаш многу работи ќе бидат појасни, но уште сега се знае дека обновувањето ќе биде темелно.
Редизајнот ќе опфати стилско ускладување со идното визуелно изразување на марката следејќи го изгледот на претстојните ID.1 и ID.2. Ќе добие и потполно нова внатрешност, платформата ќе биде унапредена а подобрувањата на електромоторите и батериските пакети ќе донесат повеќе сила, поголема автономија и подобра ефикасност. Но сето ова е очекувано – вистинската непознаница е дали ID.4 ќе биде преименуван како што порано најави директорот на продажба на Volkswagen Мартин Сандер дека идните електрични модели на марката ќе добијат вистински имиња.



