Volkswagen ID.3 – во Порше Македонија

Вести Македонија

Нова филозофија

Започна продажбата на првото електрично ”Народно возило“

објавено 01. април 2021

Моделот ID.3 има повеќе кратно значење за марката. Не само што е прв електричен модел од Волфсбург, туку е предводник на електрификацијата во групацијата. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, кое јасно ја истакнува визијата за електрична иднина. За нашиот пазар нема рестрикција на изведбите и цената се движи од 36.000 до 51.000 евра со давачки и зависи од опременоста, моторот и големината на батериите. На располагање се осум пакети на опременост, три силини на моторот (145, 150 и 204 КС) и исто толку големини на батеријата (45, 58 и 77 kWh). Несекојдневниот и магичен ID.3 има многу квалитети во кои се убедивме на напоредниот 24 часовен тест на електрични возила кого може да го прочитате кај нас. Повеќе информации за ID.3 можете да добиете на интернет страницата www.volkswagen.com.mk или во изложбенитe салони на VW.