Volkswagen Golf VIII

Вести

Не ви се чека до вечерва?

Објавено на 24 октомври 2019 година

Јасно беше дека тајната не може докрај да се крие – ова се првите официјални фотографии на Volkswagen Golf VIII кои неофицијално протекоа. На нив се гледа она што веќе го знаевме – дизајнот е модерен но сепак еволутивен, за разлика од внатрешноста која е вистинска револуција во однос на сегашниот модел. За новиот Golf VIII знаеме уште многу работи, но ќе запреме тука – сепак возбудата да ја задржиме до вечерва за кога е закажана неговата премиера која во живо можете да ја следите на овој линк.