Volkswagen Golf VIII :: 400 коњи за старт

Занимливости Новитети

400 коњи за старт

Во осмата генерација доаѓа најсилниот Golf

Објавено на 8 април 2019 година

Поминаа едвај месец дена откако Volkswagen објасни зошто нема да започне со производството на најсилниот Golf во историјата, а веќе започнаа да кружат интересни информации за тоа како се развива нешто еднакво брутално за осмата генерација на европскиот бестселер. Имено, проектот Golf R400 беше откажан бидејќи би бил прескап за купување и одржување, но Volkswagen подготвува нешто еднакво на него – Golf R Plus кој ќе развива околу 400 коњи и ќе чини отприлика како Audi RS3 Sportback. Иако уште нема добиено зелено светло, тој ја има полната поддршка на раководството на VW, вклучувајќи го и Херберт Диес. Освен тоа, дизајнот веќе му е осмислен, а основниот план е лутиот hot hatch да изгледа поагресивно од стандардниот Golf R. Се очекува дека од 2,0-литарскиот турбо мотор што го конструираше Audi ќе бидат извлечени меѓу 380 и 400 коњи кои ќе се пренесуваат преку новоразвиен 4Motion погон на сите тркала и 7-степен менувач со двојна спојка. Перформансите би требало да бидат слични на оние од несудениот R400: 3,9 секунди до 100 km/h и максимална брзина од 280 km/h.

клучни зборови: ,