Можно ли е?!
Дали ова што го гледаме е навистина новиот Golf?
Објавено на 19 јануари 2019 година
Новиот Volkswagen Golf треба да се појави есенва, но некои веќе сега тврдат дека ова што го гледаме на фотографиите е токму осмата генерација на европскиот бестселер. Нормално, никој не може (или нема да сака) да потврди дека навистина е. За новиот Golf може уште да се каже и дека ќе биде попрактичен, посилен, поекономичен и попростран, со поквалитетен ентериер од сегашниот. Според некои поранешни информации, Golf 8 ќе биде нешто подолг и поширок, но и за околу 70 kg полесен, додека зафатнината на багажникот ќе му биде зголемена на 400 литри. Јасно е дека ќе биде базиран на MQB платформата, а во поглед на дизајнот не треба да очекуваме никакви позначајни разлики. Експерименти многу нема да има ни во моторната понуда – основен ќе биде еднолитарскиот трицилиндричен бензински агрегат, а кај дизелите новиот 1,5 литарски мотор кој ќе го замени сегашниот. Електрична верзија нема да има, бидејќи треба да се отстапи место за новото I.D. семејство. Но затоа хибридите ќе навлезат во понудата, каде на врвот како и досега ќе се најдат неговите GTi и R едиции, кои соодветно ќе располагаат со 250, односно 350 коњски сили.
Според некои извори Volkswagen за новиот Golf ќе инвестира дури 1,8 милијарди евра, но секако дека добар дел од развиеното за тие пари ќе биде искористено и кај другите модели од марката и групацијата. Предвидено е дневно од него да се произведуваат по 2.000 примероци, почнувајќи веќе од јуни годинава.