Volkswagen Golf уште еднаш е симнат од тронот

Volkswagen Golf уште еднаш е симнат од тронот

Овојпат од оној за автомобил кој најмногу ја задржува својата вредност
Објавено на 8 јануари 2019 година

Според компанијата Eurotax која се занимава со проценка на старите возила, три години стар Kia Ceed со 50 илјади километри вреди 63,3 проценти од својата набавна цена, што е за скоро три отсто повеќе од Volkswagen Golf. Значајно е да се спомене дека наредните конкуренти на листата Renault Megane и Opel Astra имаат вредност помала од 50 отсто. Слична е и ситуацијата кога се продава пет години стар автомобил со 100 илјади поминати километри. Во тој случај Kia Ceed има задржано 44,3 а Golf 45,2 отсто од својата вредност, додека конкурентите се движат меѓу 31 и 35 отсто. Во споредбата на Eurotax дополнително е нагласено дека купувачите на половни автомобили кај Ceed најмногу ги ценат префинетоста, современиот дизајн, возните својства и напредните технологии. Впрочем, тоа се истите клучни карактеристики со кои Ceed пред 12 години започна да го освојува европскиот пазарен простор како прв автомобил со 7-годишна гаранција.

Од почетокот на неговото производство, од фабриката на Kia во Словачка имаат излезено 1,3 милиони примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER