Volkswagen – GEN.TRAVEL

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Визија за идните патувања

Смотрите на автомобили на тема уметност и елеганција стануваат сѐ попопуларни. Таква е онаа што се одржува во дворецот Шантили во близина на Париз каде групацијата Volkswagen претставува иновативна дизајнерска студија која ќе ја редефинира мобилноста на долги растојанија.

GEN.TRAVEL е преполн со иновации и претставува осема нова категорија на возила на електричен погон. Каросериски се лоцира помеѓу седан и многунаменско возило, опремено со ниво 5 на автономно возење и дава реални изгледи за мобилноста во наредната деценија. Сепак вниманието е свртено  кон модуларниот флексибилен концепт на интериерот со што ги тестира новите функционалности за квалитетно поминување на времето што го губиме при патување.

Технологиите за автономно возење му овозможуваат на возачот да биде опуштен патник кој има време за други работи како што се работење, релаксација, забава или да поминува квалитетно време со семејството додека патуваат заедно. Уникатниот модуларен внатрешен концепт може да се приспособи за секое патување. Во зависност од конфигурацијата, во концептното возило може да се превезат до четири лица. За службени патувања, конференциската поставеност со четири удобни седишта и голема маса во средината на ентериерот овозможува опуштено опкружување.

Дури има конфигурација за преспивање која овозможува седиштата да се преклопат во целосно рамна положба и да се претворат во два кревети. Внатрешноста е лесна, со природен дизајн, а сите елементи на HMI (човек-машина интерфејс) се произведуваат со употреба на одржливи материјали, комбинирани со рециклирани или природни суровини. Футуристичката надворешност на GEN.TRAVEL е поделена на два дела.

Транспарентната, стаклена кабина е совршено споена со долниот дел во кого се сместени батериите и погонот додека крилните врати овозможуваат подобар влез и излез. За максимална удобност GEN.TRAVEL има активна суспензија eABC (електрична активна контрола на каросеријата) која ги пресметува вертикалните и страничните движења како што се забрзувањето, сопирањето или свиоците па пред време и соодветно го оптимизира стилот на возење и траекторијата. Со оглед како бргу се одвиваат нештата во полето на електрониката, сосема реално е да се очекува во идната декада ваквите студии да станат наше секојдневие. Се разбира, доколку има доволно чипови.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER