Volkswagen – 75 години Буба

Првата Буба беше составена на 27 декември 1945 година

Едноставно беше наречен Тип 1, но потоа стана светски познат како Буба!

објавено 27. декември 2020

Веднаш по Божиќ пред 75 години, на 27 декември 1945 година, во Волфсбург започна производството на првиот Volkswagen кој, не само што беше прв производ, туку влезе во аналите на Светскиот автомобилизам. Пред крајот на војната, 630 примероци од автомобилот, познат како KdF, ја напуштија фабриката изградена од националсоцијалистите на каналот Мителанд. Наместо возила таму се произведуваше вооружување, поточно оклопни возила, од 1939 година. По завршувањето на Втората Светска војна поранешнот нацистички имот падна под управа на сојузниците. Рестартирањето на погоните го направија Британците со намера итно да ги исполнат потребните за транспортни задачи во Германија. На располагање беше проектот кого националсоцијалистите го најавуваа како возило што ќе ја моторизира Германија, но започнувањето на војната донесе нови приоритети. Прагматизмот ја спаси фабриката од демонтирање. Мајорот Иван Хирст со својот ентузијазам за технологија и автомобили, за импресивно кратко време успеа да ја претвори поранешната фабрика за оружје во граѓанско трговско претпријатие. Веќе во август 1945 година, британската воена влада нарача производство на 20.000 возила од фабриката што беше во голема мера уништена по завршувањето на војната. Овој план беше во согласност со подоцнежната британска политика за Германија, која сметаше дека материјалната безбедност и просперитетната иднина за населението се основни блокови за градење демократски структури. На 27 ноември 1945 година, работниот совет што произлезе од демократските избори се состана на својот конститутивен состанок.

Првата Буба ја напушти фабриката еден месец подоцна. До крајот на 1945 година беа произведени вкупно 55 возила. Тоа се смета за почеток на една епопеја за успехот. Од 1946 година до реформата на валутата, се произведуваа околу 1000 возила месечно. Повеќе не беше можно со оглед на тешкото наоѓање на суровини и материјали за производство како и недостигот на персонал. Британците ја раководеа фабриката во Волфсбург до есента 1949 година и го поставија курсот за подоцнежниот раст на компанијата. Тие воспоставија услуга за клиенти и систем на продажба и започнаа со извоз на седанот Фолксваген во летото 1947 година. Останатото е историја. Откако беа направени 21.529.464 примероци, од кои 15,8 милиони од германското производство, Volkswagen престана да ja произведува култната Буба во Мексико во јули 2003 година. Конструирана од младиот инженер Фердинанд Порше, таа беше расадник за идните успешни модели на Volkswagen доживувајќи неколку каросеријски изведби, додека Porsche своите први модели ги разви врз база на Бубачката.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER