Volkswagen започна со производство

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Volkswagen започна со производство

Со посебни антивирусни мерки, Volkswagen ја врати во погон својата фабрика во Цвикау

Објавено на 25 април 2020 година

Откако ситуацијата со пандемијата на коронавирусот започна да се става под контрола дојде време општеството да се справува со последиците од неа, пред сé на економски план. Меѓу првите во автомобилската индустрија реагираше Volkswagen, кој се покажа најподготвен и веќе започна да го рестартира производството. Така со максимално почитување на антивирусните мерки, работниците се вратија во погонот во Цвикау каде се произведува електричниот ID.3. Тие сега работат на безбедно растојание од 1,5 метри, а каде тоа не е можно одделени се со посебни прегради или носат заштитни маски. Честото миење раце и чистењето на работните места се задолжителни, а забранети се ракувањата и состаноците на повеќе од пет лица. Капацитетот со кој работи оваа фабрика засега е на ниво од една третина и тој постепено ќе се зголемува. Со почитување на локалните прилики, компанијата планира наскоро да го врати производството и во своите погони во Европа и Соединетите Американски Држави, а нешто подоцна и во Латинска Америка.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER