Volkswagen » Нов почеток, нов идентитет

Нов почеток, нов идентитет

Volkswagen го претстави првиот автомобил од електричното семејство

Објавено на 9 септември 2019 година

Најважната автомобилска премиера годинава, Volkswagen ID.3, заблеска под светлото на рефлекторите заедно со новото лого одбележувајќи го третиот почеток за марката од Волфсбург. И досега доста знаевме за првенецот на електричното семејство на VW, кој без сомнение во историјата на автомобилизмот ќе го најде своето место веднаш до легендардната Буба и бестселерот Golf. Според димензиите се мери токму со него, додека одвнатре е попростран. Електричната иднина му ја обезбедуваат три изведби со различни батерии и автономија од 330, 420 и 550 km. Без разлика на големината, тие имаат гаранција од 8 години или 160.000 km. Од Volkswagen велат дека ID.3 за половина час ќе повлече од електричната мрежа доволно струја за поминување дури 290 километри според WLTP нормите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER