Volkswagen лансираше своја серија полначи за електрични возила

Top News Занимливости

Volkswagen лансираше своја серија полначи за електрични возила

Објавено на 13 јуни 2020 година

Како неопходна поддршка за претстојното ID семејство електрични возила, Volkswagen лансираше своја серија полначи за нивните батерии за домашна употреба од 11 kW. Основната верзија е наречена е ID. Charger Wallbox и нејзината цена изнесува сосема прифатливи 399 евра. Во цената не е вклучена инсталацијата која ќе ја спроведуваат сертифицирани монтажери кои ќе имаат договор со VW за тоа. Иако е развиен со ID.3 и останатите на ум, бидејќи е опремен со стандарден тип 2 конектор овој полнач може да се користи и за електричните возила од другите марки. Во иднина ќе бидат понудени уште две изведби полначи – ID. Charger Connect и ID. Charger Pro по цени од 599 и 849 евра, кои ќе се разликуваат по поголемите конективни можности, како на пример далечинското контролирање преку мобилен телефон и други напредни функции.

 

клучни зборови: