Volkswagen ги „мобилизира“ електричните полначи

Volkswagen ги „мобилизира“ електричните полначи

Со мрежа мобилни електрични полначи Volkswagen ќе ја унапредува електрификацијата на Германија
Објавено на 6 јануари 2019 година
автор: Стефан Рафајловски

Амбициите на Volkswagen за електричните возила се толку големи што ги надминуваат можностите на постоечката инфраструктура за полнење на нивните батерии. Но со помош на мрежа мобилни електрични полначи ќе се погрижи ова да не биде пречка во остварувањето на неговите планови. Предвидено пилот-проектот да стартува во првата половина годинава во Волфсбург, а во 2020-тата да се прошири и низ другите германски градови. Мобилните полначи ќе се поставуваат на паркиралиштата и покрај објектите во сопственост на компанијата. Ќе имаат капацитет од 360 киловат-часа и нема да зависат од електро-дистрибутивната мрежа. Полнењето на батериите на електромобилите во просек ќе трае седумнаесетина минути, а ќе можат да опслужат до 15 возила. Кога нивото на нивната батерија ќе се спушти под 20 отсто, таа ќе се замени со нова. Дополнително, постои можност тие да се напојуваат и од сончева енергија. Во план е и развој на апликација за паметни телефони која ќе служи за пронаоѓање на нивните локации.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER