Германскиот гигант забрзано работи на ефикасни батерии во цврста состојба, а резултатите од тестот ги надминаа очекувањата во однос на издржливоста.
Volkswagen објави дека при тестовите на новата генерација цврсти батерии постигнал ветувачки резултати. Групацијата VW соработува со американската компанија QuantumScape, а најновиот прототип на цврсти батерии во текот на неколкумесечните тестови значително ги надмина очекувањата поставени од производителот на автомобили.
За време на тестовите, ќелијата на батеријата покажа пад на капацитетот од само 5% по повеќе од 1.000 циклуси на полнење и празнење, што е еквивалентно на возење 500.000 километри. VW потсетува дека сегашниот индустриски стандард е 700 циклуси на полнење-празнење, по што батеријата може да има пад на капацитетот за 20%. Конечниот резултат од овој развој би можел да биде батерија која овозможува висока автономија, може да се полни супер брзо и практично не старее.
Целата автомобилска индустрија гледа во батериите во цврста состојба замена за сегашните литиум-јонски. Новата генерација на батерии би требало значително да ја намали цената на електричните возила, да ја зголеми автономијата и да го скрати времето потребно за полнење. Сепак, иако сите гледаат на цврстите батерии како иднина на електричната мобилност, сè уште никој ги нема подготвено за сериско. Патот до масовно производство на батерии за автомобилската индустрија не е ниту брз ниту лесен, а новите цврсти батерии, кои се во напредна фаза на развој, понудени се на компаниите кои произведуваат електронски уреди за широка потрошувачка.
Производителите на електрични автомобили и производителите на батерии за возила се тркаат да ја комерцијализираат следната генерација на анодни, натриум-јонски и цврсти батерии што е можно поскоро за да ги направат електричните автомобили поевтини и поефикасни за работа. Батериите во цврста состојба не содржат течен електролит и сепаратори кои се многу запаливи, наместо тоа имаат цврст сепаратор направен од керамика, стакло или полимер.
Доколку се покаже дека таквата технологија може да работи надвор од лабораториските услови и дека таквите батерии можат да се произведуваат фабрички во милиони, тие би можеле да ги направат електричните автомобили поевтини, побезбедни и поефикасни.