Vitesco – електричен погон за Donfeng

Вести Занимливости

Германска технологија за кинески коли

 

Новиот електричен погон поради компактните димензии и мала тежина погоден е за многу идни модели

објавено 10 септември 2020

Vitesco Technologies започна со производство на целосно интегриран електричен погон за кинеската марка Dongfeng. Производството за Hyundai и PSA трае од крајот на 2019 година а сега опсегот се шири. Dongfeng ќе го користи погонот сместен на оската во новиот целосно електричен Yixuan. Има домет од околу 400 километри (NEDC) и може да патува со брзина до 155 км на час. Vitesco Technologies го произведува електричниот погоно во Кина, каде високо автоматизираните производни линии се наменети да обезбедат големи количини и високо ниво на квалитет. Погонот е развиен во Берлин, Нирнберг, Шангај и Тијанџин. Врската со Донгфенг му овозможува на Витеско да направи голем напредок на кинескиот масовен пазар. Високо интегрираната генерација на погони со минимални барања за простор за инсталирање обезбедува 120 киловати моќност и вртежен момент до 260 Nm, но поради тежината која е помала од 80 килограми и компактните димензии има перспектива за широка примена во многу автомобили.