VINFAST – Вложува во САД

Две милијарди долари за фаза  1

VinFast и владата на Северна Каролина потпишаа меморандум за  основање на првата северноамериканска фабрика за производство на виeтнамските електрични автомобили.

Доколку се одвиваат работите според планираниот рок, почетокот на изградбата би се случил кон крајот на годинава, а првите произведени возила ќе ја напуштат лентата во јули 2024 година. На површина од 800 хектари ќе се изградат три целини на фабриката и тоа производство и монтажа на електрични автомобили и автобуси, производство на батерии за ЕВ и помошни индустрии за добавувачите. Капацитетот на првата фаза се очекува да биде 150.000 возила годишно од електричните спортско корисни возила VF 9 и VF 8. Овој проект ќе генерира илјадници работни места за локалните заедници бидејќи автомобилските монтажни погони се неверојатни „мотори“ за економски раст. VinFast, основана во 2017 година, со седиште во Ханој, може да се пофали со најсовремена фабрика за производство на возила во Хаифонг, Виетнам, која до 2026-та ќе има капацитет да произведува 950.000 возила годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER