VinFast – СЕЅ

насловна Поглед во иднината

Нови имиња и амбиции!

Реименувани се моделите прикажани во Лос Ангелес и претставено ново трио

VinFast започна да ги остварува своите амбиции – со троскок во Лас Вегас ја наполни својата гама со пет модела, сите кросовери и сите електрични. За најголемите два веќе познати од салонот на автомобилите во Лос Анџелес кои сега имаат нови ознаки VF8 и VF9 објавени се и цените – тие во Америка ќе стартуваат од 41 односно 56 илјади долари и ќе доаѓаат со гаранција од 10 години или 200 илјади километри. Помалите три со ознаки VF5, VF6 и VF7 кои се планирани за лансирање во 2023 година се сосема нови од А, Б и Ц сегментите и за нив засега се знае само дека се дизајнирани во Италија, кај стариот мајстор за каросериии Pininfarina. Другите детали не се објавени, ниту пак е покажано како изгледаат внатре. Виетнамскиот производител ја искористи приликата да објави и дека планира при крајот на 2024 година да започне со производство на своите електрични возила во Соединетите Американски Држави.