Vinfast President – лимитиран и луксузен

Занимливости насловна

Серија од само 500 парчиња

Скроен за САД Vinfast President ќе почне да се продава во Виетнам

објавено 19 октомври 2020

Своето прво појавување на европско тло Vinfast го имаше на салонот во Париз пред две години. Првиот производител на автомобили од Виетнам има за цел да влезе на американскиот пазар следната година. Можеби затоа компанијата сега претстави ограничена серија на луксузнo спортско-корисно возило под името Претседател од кого се планира да се направат само 500 парчиња. Моторот треба да биде целосно по вкусот на Американците. Под хаубата ќе се најде 6,2-литарски V8 со 420 КС и вртежен момент од 624 Nm. Vinfast President има погон на сите четири тркала, осумстепен автоматски менувач, забрзува до 100 км на час за помалку од седум секунди и сказаалката на брзинометарот се искачува до скоро 300 км/ч. Дизајнот доаѓа од прочуеното италијанско студио Pininfarina, a преносот го испорачува доверливиот германски производител ZF. Компанијата од Фридрихсхафен минатата година изгради сопствен производствен капацитет во кругот на фабриката на Vinfast каде што се прават компонентите на шасијата. И покрај класичниот концепт на мотор испорачан од САД и планираното влегување на тамошниот пазар, луксузниот лимитар President планирано е да се продава исклучиво во Виетнам по цена од околу 140.000 евра. Оваа цена важи само за првите 100 купувачи. Останатите 400 клиенти треба да платат нешто помалку од 169.000 евра.