Нова ѕвезда на европското автомобилско небо
Оваа награда се доделува на нови компании како признание за успешно излегување на европскиот и светскиот пазар и VinFast ја добива четири години откако ја спечали AutoBest наградата „Ѕвездата е родена“ на глобалната премиера на марката. Брзиот развој ја доведе виетнамската компанија до модерен глобален автомобилски производител кој ја предизвикува индустријата со многу постигнувања. AutoBest ги препозна нејзината стабилната стратегија која со смелата и целосно нова електрична гама возила има цел да ја постави како водечки бренд на пазарот за опслужување на клиентите кои бараат нова мобилност.
Наградата „ Ѕвезда во подем“ беше врачена за време на прес-конференцијата на салонот на автомобилите во Париз, на истото место каде пред четири години го добија признанието на AutoBest „Ѕвездата е родена“. Најголемото според опфатот на клиентите автомобилско жири во Европа го избра VinFast за носител на оваа наградата врз основа на критериумите за бизнис стратегија, гамата производи, пазарната подготвеност и кредибилитетот. Стартот е со четири модели кои на купувачите ќе им бидат понудени со флексибилност во изборот. Иновациите, фокусот кон човековата околина, инфраструктурата, опслужувањето и поддршката на клиентите исто така беа забележани од страна на жирито.
На предавањето на наградата основачот и претседавач на AutoBest Дан Варди рече: „Во 2018-тата VinFast дебитираше со амбициозен план кој вообичаено се исполнува долгорочно. Но сега само четири години подоцна им го признаваме спектакуларниот подем не само како прв глобален производител на автомобили во Виетнам, туку како и еден од првите во светот кои целосно се посветија на електричната стратегија. Во тоа им даде поддршка и високоавтоматизираниот производствен комплекс, со која тие се докажаа како водечка нова автомобилска марка.“



