VinFast – Ѕвездата е родена!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Виетнам во офанзива

Само четири години беа доволни од ливада да се направи современ автомобилски бренд

Виетнам како земја во ниедна конотација не може да се поврзе со автомобилската индустрија. Барем не можеше досега, бидејќи во блиска иднина тоа ќе се смени по заслуга на младата компанија VinFast. Основана во 2017 година, таа инвестираше милијарда и петстотини милиони долари во супермодерен фабрички комплекс кој се протега на површина од 3,35 милиони квадратни метри изграден за само 21 месец. Ги собра кај себе најголемите умови од автомобилската индустрија, меѓу кои и доскорешниот прв човек на Opel Михаел Лохшелер. Го ангажираше и познатото дизајнерско студио Pininfarina, а електрификацијата ја постави како предводник низ својот глобален пат.

Потенцијалите на оваа компанија ги препозна и најголемото европско автомобилско жири AutoBest кое уште во 2018 година ѝ ја додели наградата „Ѕвездата е родена”, посветена на новите компании кои со иновативно размислување се придружуваат на автомобилската индустрија. Тогаш VinFast за прв пат се претстави на светот со својот настап на салонот на автомобилите во Париз, а сега во Лос Анџелес покажа и со што ќе го освојува светот почнувајќи веќе од идната година. За постигнување на своите амбициозни цели VinFast ќе понуди повеќе модели со кои ќе опфати разни пазарни сегменти по пристапни цени и со посветена грижа за купувачите со 10-годишна гаранција. Трендовите наложија тоа да бидат две спортско корисни возила настанати како дел од концептот „Иднината на мобилноста” произлезен од нивната визија за глобална паметна електрична револуција. Тоа во потполност подразбира создавање решенија кои ќе им овозможат на луѓето да уживаат во интелигентен, безбеден и еколошки прифатлив транспорт. Сето тоа се огледува во секој детаљ на новите модели чиј модерен дизајн привлекува со своите моќни но динамично избалансирани линии. Пионерските чекори ќе ги направат со заедничка платформа со батерии вградени во подот. Помалиот со ознака VF e35 со својата должина од 4,75 и меѓуоскиното растојание од 2,95 метри ќе им конкурира на најновите адути во електричниот автомобилски свет Volkswagen ID.4 и Hyundai Ioniq 5.

На купувачите ќе им понуди избор од еден или два електромотора со по 200 коњски сили и автономија од 460 односно 500 километри. Поголемиот VF e36 е долг 5,1 метар и ќе доаѓа само со погон на сите тркала, со два пакета батерии со автономија од 480 или 680 километри. Внатрешност во која се чувствува доза на луксуз ја има задржано својата практичност, а модерните решенија не изостануваат. VinFast има за цел да воведе и паметни технологии како што е Smart Security системот за следење на сообраќајот и надзор на возачот кој се служи со вештачка интелигенција, а секако во план се и автономните способности.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER