VinFast – Амбициозен настап на СЕЅ

Со малиот кросовер VF 3 и концептот VF Wild, виетнамците неуморно ја прошируваат својата палета на производи

Саемот во Лас Вегас VinFast, производителот на електрични возила, најави дека ќе има производи кои ќе бидат достапни за сите купувачи. За таа цел го лансира кросоверот VF 3 кој изгледа симпатично и има за цел да ги привлече младите потрошувачи кои ја ценат практичноста.

Има две врати, контрасно офарбан покрив и пластична обвивка на каросеријата. VinFast не кажа многу за возилото, но ја назначи амбицијата да го пробие на многу пазари. Во однос на големината, VF 3 е долг 3.2 метри, широк 168 и висок 162 сантиметри. За споредба тој е пократок за цел метар од Jeep Renegade. Со оглед на компактните димензии, VF 3 има простор за четворица со минималистичка кабина.

Деталите се ограничени, но VinFast рече дека теренецот ќе има 10 инчен инфозабавен систем со Android Auto и Apple CarPlay. Може да се очекува и преклопна задна клупа, која ќе овозможи проширување на багажникот до 550 литри.

Електричниот погон се најавува да има автономија од скромни 200 километри, што е далеку од сегашните трендови. Неговата комерцијализација ќе започне за неколку месеци, а први ќе го добијат американските купувачи. Како што беше напоменато на лансирањето, VF 3 ќе се нуди на различни пазари со ветување дека ќе биде „достапен за секого“.

Вториот адут на Виетнамците е концептот VF Wild. Тој ги покажува напорите на VinFast да создаде пикап за новата генерација потрошувачи кои бараат иновации и еко-производ без да се загрозат перформансите и издржливоста. Во соработка со австралиското дизајнерско студио Gomitiv добиена е интересна интерпретација на тема пикап.

Изгледот може да се окарактеризира како флуидна динамика инспирирана од силата на природата и го материјализира постојана посветеност на компанијата кон зелена иднина достапна за секого. Со вкупна должина од 5.324 мм и ширина од неполни два метри, димензиите на VF Wild го сместуваат во средната категорија. Возилото ја комбинира практичноста на товарната врата што се преклопува за да обезбеди водечка должина на товарниот простор во класата, дизајнирана да се прошири од 1,5 до 2,5 метри со автоматски преклопени задни седишта.

За да се истакне употребливоста и за луѓето со активен животен стил, во дизајнот, осем функционалноста, интегриран е панорамски стаклен покрив и дигитални странични ретровизори за подобрување на аеродинамиката. Не се дадени ориентири кога и дали овој пикап ќе биде сериски модел, ниту пак не се спомнува силата на моторот и капацитетот на батериите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER