Nissan лансираше кросовер кој сигурно ќе им биде интересен и на европските купувачи иако практично не постојат никакви шанси да биде понуден и тука. Наречен Kait тој всушност е темелно обновена верзија на првата генерација на малиот Kicks и ќе биде лансиран во дваесеттина земји, почнувајќи од Бразил.
Елегантниот изглед прави да изгледа поголем од неговите 4,3 метри а конфигурацијата на кабината внимателно е прилагодена на потребите на јужноамериканските купувачи. Атмосферскиот 1,6 литарски мотор како гориво може да користи бензин или етанол и преку безстепена вариоматска трансмисија на предните тркала испорачува 113 коњски сили. Цената му стартува од прифатливи 18.900 евра.



