Два супер-спортски модели на мегдан
Стартно-целната рамнина на патеката Имола беше местото каде се соочија титаните. Lamborghini Temerario и Ducati Panigale V4 си ги измерија спринтерските способности во драг трка.
Temerario со хибриден погонски склоп комбинира V8 би-турбо мотор со три електрични мотори давајќи вкупна моќност од 920 КС. Таа сила овозможува максимална брзина од над 340 км/ч и од 0 до 100 км/ч потребни се само 2,7 секунди.
Новиот Panigale V4 е седмата генерација на Ducati Superbikes, го погонува Desmosedici V4 мотор со 216 коњски сили, што му овозможува максимални 350 км/ч. Забрзувањето од мирување до стотка е декларирано за 2,9 секунди. Официјално соопштение кој триумфира во возбудливата трка нема.
Па и не е битно. Важно е што се направи чалам каков одамна не се направил. Можеби можете самите да процените, видео записот е тука.
https://www.youtube.com/watch?v=vz4KekR97nU