Vespa – 75 години

Моторцикли

Осата зрела, но сепак млада

Специјални изданија за годишнината

објавено 10. март 2021

Официјалната пријава за патент за легендарниот скутер, кој стана синоним за целата категорија возила, се предаде на 23 април 1946 година. Групата Пјаџо по повод годишнината на Vespa лансира две специјални изданија на моделите Primavera и GTS. Првиот ќе се нуди со мотори од 50 и 125 цм3 додека посилната GTS со 125 и 300 цм3. Специјалните изданија ќе се продаваат само во текот календарската година и може да се добијат само во жолта Giallo Metallic со јубилејниот број од двете страни одзади и на предниот капак. Клупата е покриена со комбинација на сива кожа и нубук. Венчињата се исто така обоени во сива боја, плус има голем број хромирани елементи. Ексклузивната задна торба на преклопната решетка за багаж е потсетување на времето кога резервните гуми сè уште се носеа со мотрциклите. Торбата е практична, има прицврстувач за брзо ослободување од куќиштето и содржи покривка за дожд. Секој купувач на јубилејната Vespa, добива специјален беџ, специјална книга за сопственици, осум картички со слики со мотиви од осум децении на Vespa и свилена шамија. Цените во Германиај започнуваат од 4.350 евра за Primavera 50 75th и завршуваат со 7.370 евра за Vespa GTS 300 Supertech 75th.