Велигденски весело
Објавено на 5 април 2018 година
Во духот на велигденските празници кога со шаренилото на боите се слави животот, Citroen C1 осамна со освежена понуда за оваа моделска година. Иако најзначајната измена е засилувањето на малиот еднолитарски трицилиндричен мотор на 72 коњски сили кој сега ги исполнува Еуро 6.2 нормите и може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач, за купувачите најинтересно ќе биде тоа што на располагање им стојат 32 различни колор комбинации и нови опции за внатрешноста, меѓу кои и MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay, 7-инчен екран чувствителен на допир, задна камера, препознавање на ограничувањето на брзината, Keyless Entry&Go, систем за автоматско запирање, предупредување за напуштање на коловозната лента, Hill Start Assist… Подготвени се и пар специјални едиции – Urban Ride и Elle, кои изборот уште повеќе го зголемуваат. Погледнете како визуелно сето ова изгледа.