Од 2026 во ОК ќе бидат дозволени автономни возила под одредени услови
Некаде до пред крајот на 19-тиот век во Велика Британија постоеше пропис кој наложуваше пред секое возило да оди човек со црвено знаменце предупредувајќи ги пешаците и возачите на запрегните коли дека наидува нешто опасно. Колку и да изгледа тоа глупаво сепак беше позитивно затоа што нешто сосема ново, технолошки и цивилизациски револуционерно беше законски регулирано.
Истото се случува и сега кога сме на прагот на нова револуција во транспортот во кој во иднина ќе владеат автономните возила. Се разбира пред нив нема да оди човек со знаменце во рацете но безбедноста ќе биде гарантирана на друг начин. Тоа е и суштината на новиот закон кој дозволува воведување на потполно автономни возила на британските патишта веќе од 2026 година, под услов тие да постигнат барем еднакво ниво на безбедност како внимателните и компетентни возачи.
Клучно во него е што иако во автономните возила сé уште ќе треба да има лице за повремена контрола, возачот нема да биде одговорен за однесувањето на возилото кога тоа се движи во автономен режим – целата одговорност ќе биде цврсто поврзана со производителот и осигурителната компанија. Индустријата засега реагира воздржано оптимистички бидејќи допрва треба да се осознаат сите пречки во практичното спроведувањето на овој закон.
Сепак сите се сложуваат дека овој закон означува преломен момент во историјата на транспортот кој ќе помогне амбициите да станат стварност. Јавноста до толкава мерка не се согласува – анкетите покажуваат дека само 15 отсто од луѓето позитивно гледаат на автономните возила додека 58 отсто се преплашени од помислата тие слободно да се движат по улиците.
Сепак јасно е дека токму ваквите закони треба да нé уверат да го смениме негативното мислење за автономните возила.