Twingo Cup – Заврши третата сезона

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Малинковски севкупен победник

Иако Блажевски е годинешниот шампион, Малинковски собра најмногу поени  во трите сезони.

Третата сезона на единствениот тркачки куп во Македонија, Twingo Cup што се одржува во организација на АКК Рено Спорт Скопје и со огромна помош на Аутомотив Груп заврши со двоен триумф на Марко Блажевски кој успеа да ја освои титулата за 2022 година.

На патеката Серес во Грција се одржаа последните две трки од вкупно деветте колку што имаше сезонава. Тоа беше директен дуел на Марко Блажевски и Давид Малинковски кои решаваа дали Twingo Cup ќе добие нов шампион или трофејот ќе остане во сопственост на Давид Малинковски. Блажевски е трет шампион во Twingo Cup откако тоа му успеа на Мартин Делев во 2019 и на Давид Малинковски лани. Во сезоната 2020 немаше трки поради ковид пандемијата. Марко Блажевски кој се вклучи лани во втората половина од сезоната во Twingo Cup сезонава победи на пет од вкупно деветте трки што се возеа.

Имаше „двојни триумфи“ на патеките во Австрија и сега во Грција. Давид Малинковски е севкупен победник по трите сезони во Twingo Cup со најмногу освоени бодови од трките. Последните две трки одржани на патеката во Серес донесоа многу возбуда и директен дуел помеѓу Давид Малинковски и Марко Блажевски. Епилогот доби „поетска“ разврзница. Блажевски стана шампион во третата сезона, додека Малинковски е севкупен победник во трите сезони и стана сопственик на електричен автомобил Renault Twizzy, што е главната награда за најдобриот во македонското првенство во Twingo Cup.

AKK Рено Спорт Скопје како организатор на Twingo Cup упатува голема благодарност Агенција за Млади и Спорт и Автомобилистичката Федерација на Република Северна Македонија како и до сите спонзори кои го поддржаа одржувањето на трките: Шпаркасе Лизинг, Триглав, ПСС, Аутомотив Груп.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER