Twingo Cup – Двоен триумф на Малинковски

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Давид ја изпегла Монца

Викендот што заврши имаше богата понуда за љубителите на октаните, особено во домашниот шампионат. На патеката во Монца се одржа трката од Twingo Cup, каде со победи во двете возења Давид Малинковски го превзема водството во генералниот пласман во првенството на Македонија. На две трки до крај тој има 105 бода, десет повеќе од Марко Блажевски кој на Монца имаше доста проблеми и само на првата трка успеа да се искачи на подиумот. Легендарната патека е предизвик за секој натпреварувач, а на неа имаше излетувања и инциденти поради што трипати мораше да излегува безбедносното возило. Првата трка беше последна на програмата но, поради претходните доцнења таа започна подоцна од предвиденото. Брзо се стемни на патеката, па поради намалената видливост имаше излетувања и инциденти. Меѓу оние што завршија во песокта беа и Слободан Трајковски кој се изврте, но за среќа беше никакви последици, а дебитантот Бојан Петрушевски кој извозе одлични квалификации исто така беше вклучен во инцидент и му беше уништен предниот дел, па не ја заврши трката исто како и Борис Стојменов. Поради доцниот почеток првата трка заврши со безбедносното возило на чело од колоната. На втората трка Марко Блажевски успеа да „скокне“ 13 места. Монца повторно се покажа како брза писта каде и најмал инцидент може многу да одземе од стекнатото, и токму Блажевски излета на еден свиок по кој падна дури на 26 место. Во меѓувреме и безбедносното возило влезе на патеката откако едно возило излета од патеката, па неколку круга се возеше зад безбедносното возило. Давид Малинковски ги избегна незгодните ситуации и продолжи како петтопласиран. Покрај Малинковски кој двапати се искачи на врвот, единствено уште Зоран Мираковски двапати беше на пиедесталот. На првата трка тој го освои второто место, а на втората беше третопласиран. Со бодовите освоени на Монца сега Мираковски е на третото место во генерален пласман со 73 бода. Марко Блажевски кој пред Монца беше лидер и имаше предност од десет бода во однос на Малинковски а сега заостанува за 10, е втор во генерален пласман и има 95 бода. Последните две трки од Twingo Cup се планирани за крајот на ноември на патеката Серес во Грција каде ќе се решава за титулата, најверојатно меѓу Малинковски и Блажевски.

 

 

 

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER