Truimph – Speed Triple 1200 RR

Моторцикли

Модернизирана класика

Со новата интерпретација на Café Racer се проширува серијата Speed ​​Triple.

објавено 17. септември 2021

Уште еднаш британските мајстори покажаа дека се најдобри за реинтерпретирање на класичните форми. Прилично воздржаниот изглед не е сменет со децении, но е основа за нова изведба која колку е елегантна толку е брутална. Оставени се препознатливите овални форми на ветробранот и тркалезното светло. Со ниско поставените рачки и грпка на седиштето остава силен впечаток модернизиран со предната маска изработена од карбонски влакна. Speed ​​Triple 1200 RR е достапен во две биколорни комбинации, секоја со соодветно  пресвлечено седиште. Моторот испорачува 132 коњи, па изведбата  RR е опремена со електронски прилагодливо полу-активно потпирање и пет режими на возење. На пазарот Speed Triple 1200 RR ќе се појави во јануари со проектирана цена од околу 20.400 евра.