Повторно ограничена серија

Вистинскиот рецепт за високи цени се лимитираните серии

објавено 12. март 2021

Британската моторциклистичка легенда ја користи играта на зборовите и новиот мотор како повод за уште една, втора годинава најавена, специјална серија која носи две изведби на монструозниот Rocket 3. R Black и GT Triple Black се ограничени на по 1000 парчиња. Името за моделите на изданието кажува сè. Додека Rocket 3 R е обоен целосно во црна боја, Triple Black има спектар на бои во три нијанси. Шемата на бои ја засенува 2,5 литарски мотор  најголем што се вградува во сериски мотоцикл! На двата модели предниот калник е изработен од јаглеродни влакна. Секој примерок ќе се испорачува со потврда за автентичност. Двата специјални модели ќе бидат пуштени во продажба во мај. Rocket 3 R Black би требало да чини на европскиот пазар околу 24.000 и GT Triple Black за 550 евра повеќе. Вие уживајте во фотографиите на оваа убавина на две тркала.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER