Се менува пазарот, се менуваат и вкусовите на купувачите
Најновата анкета на германскиот BASF кои бои на автомобилите се најпопуларни покажува тренд на помеките и единствени нијанси.
Традиционалните црни, бели, сиви и сребрени тонови и понатаму добро се држат но нивното учество опаѓа.
Расте популарноста на бледокафеавите беж бои чие пазарно учество е скоро удвоено, а продираат и неутралните како што се жолтата и зелената.
Образложението на стручњаците на BASF кој е голем производител на бои за автомобилската индустрија е дека овие трендови покажуваат поттикнување на чувството на смиреност и префинетост и ја одразуваат желбата на купувачите за стабилност во денешниот забрзан свет.
Тие на купувачите им овозможуваат да ја истакнат својата индивидуалност во поглед на елеганцијата на автомобилот онака како што секој индивидуално ја гледа.