Светски рекорд

Трактор без возач чисти снег со брзина од 73,171 km/h

Nokian Tyres и Valtra поставија светски рекорд во чистење снег со самовозечки трактор
Објавено на 26 август 2018 година

Valtra T254 Versu доби признание „Трактор на годината 2018“ и доста е ценет како кај индустриските работници, така и кај земјоделците заради сестраноста што го прави подесен за широк спектар работи во агрикултурата, шумарството и комуналните дејности. Иако тоа не беше пресудно за постигнување на овој рекорд, T254 Versu стандардно доаѓа опремен со иновативниот кориснички интерфејс SmartTouch кој собра многу пофалби од трактористите заради својата интуитивност. „За многу од нашите купувачи едноставноста на користењето на SmartTouch наслонот за рака го спушти прагот на инвестиции во технологиите кои порано се сметаа за незадолжителни или премногу комплицирани додатоци, како автоматското наведување, управувањето со задачите и телеметријата. Истовремено, сведоци сме на растечка побарувачка за нови технологии кои ја зголемуваат ефикасноста и овозможуваат интеграција со постоечките работни системи. Посветени сме на задржување на водечката позиција во нудење иновативни технологии во нашите SmartTouch трактори“, наведува Мико Лехикоинен, директор за маркетинг за подрачјето на Европа и Блискиот исток во компанијата Valtra.

Брзинскиот рекорд е поставен во март годинава во безбедни услови и со учество на истражувачките тимови на компаниите Nokian Tyres и Valtra со помош на трактор T254 Versu опремен со пневматици Nokian Hakkapeliitta TRI. Контролиран без возач, тракторот го отстрануваше снегот од затворен пат во јужна Финска со брзина од 73,171 km/h. Автономната технологија претставува растечко интересирање во многу гранки на индустријата, вклучувајќи ја логистиката, патната механизација и земјоделието. Како водечки нордиски производител на трактори, Valtra има долг историјат на конструирање машини прилагодени за одржување на патишта во студени услови. Податоците што се добиени со овој рекорд во брзина ќе понудат вредни информации за идните истражувања на полето на автономни технологии.

Надминувањето на вообичаените брзини на тракторите со приклучна машина монтирана напред на лизгава површина претставува оптоварување за тракторот и неговите пневматици. Газечката површина на пневматиците Nokian Hakkapeliitta TRI посебно е дизајнирана за стабилност на површини под мраз и снег. „Предвидливоста и управливоста како кај автомобил што ги нуди Nokian Hakkapeliitta TRI, покрај неговото одлично прилепување, заслужни се за тоа што овој пневматик е популарен избор за изведувачите на работи во зимскиот период“, коментираше Тони Силфверберг, шеф на продажба и маркетинг во Nokian Heavy Tyres. „Истите карактеристики му овозможија добро да се покаже и при соборувањето на рекордот во брзина“. Ова е втор светски рекорд во услови со температура под нулата што го поставија Nokian Tyres и Valtra. Во 2015 година овие два фински производитела ги здружија силите со легендарниот рели возач Јуха Канкунен за поставување на моменталниот светски рекорд во возење трактор на мраз со брзина од 130,165 km/h поставен со помош на тракторот Valtra T234 Versu опремен со пневматиците Nokian Hakkapeliitta TRI.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER