Toyota претстави уште два модела од bZ семејството

Можеби се само за Кина но веројатно нешто слично ќе биде и глобално лансирано

Toyota во Шангај претстави уште два нови модела од електричното bZ семејство кое до 2026-тата треба да брои 10 члена. Наречени bZ Sport Crossover и bZ FlexSpace, ќе започнат да се произведуваат идната година. Кросоверот заеднички развиен со BYD е со стил на каросеријата во форма на сé повеќе популарните SUV купеа. Со карактеристичните дизајнерски линии потсетува на bZ Compact SUV концептот, но изгледа малку поголем. Од Toyota велат дека возилото е конструирано со функции да обезбеди личен простор за помладите купувачи од генерацијата Z. Затоа е и замислен да еволуира и после набавката, со безжично ажурирање на софтверот кое ќе овозможи користење на системите пред сé за помош на возачот.

Моделот bZ FlexSpace претставува семеен електричен SUV со фокус на корисноста. Неговиот концепт почива на филозофијата „удобен дом“ и нуди простор што семејствата можат да го користат безбедно и удобно. Тоа значи многу простор во кабината, едноставност во употребата, напредна безбедност, безгрижно голема автономија и разни интелигентни функции. Заеднички е развиен со GAC групата, која и ќе го произведува.

И двете возила кои изгледаат прилично подготвени за производство имаат трендовски минималистичка инструмент табла, големи централни екрани и управувачи налик на јарем. Затоа и повеќе од сигурно е дека внатрешноста ќе им доживее прилично припитомување. За погонските единици не се откриени никакви детали, но тие не би требало да бидат многу различни од она што сега се нуди кај другите bZ модели. Исто така децидно не е откриено дали овие модели ќе бидат ексклузивни за Кина или во некоја слична форма ќе бидат понудени и на другите пазари, што само по себе покажува дека постојат такви планови.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER