Toyota – Започнува електрична офанзива

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

И струја, и водород!

Toyota планира да нуди само возила без емисија на штетни гасови во Западна Европа.

Во борбата против климатските промени, мораме да ги намалиме емисиите на CO2 колку што е можно побрзо, рече Акио Тојода, претседател и извршен директор на Toyota Motor Corporation. Освен на батериските погони, Јапонците се потпираат и на горивни ќелии. Toyota планира да лансира 30 електрични автомобили на светскиот пазар до 2030 година. Започнува со електричното спортско-корисно возило bZ4X, развиено заедно со Subaru, кое се очекува да се појави во Европа во наредната година и да биде оснивач на едно семејство целосно електрични модели. Следува спортско-корисно возило со средна големина со три реда седишта и мал кросовер кои ќе ја надополнат серијата bZ.

Кросоверот би требало да има потрошувачка на енергија од само 12,5 kWh на 100 километри. Со воведувањето на новите електрични автомобили, кои го вклучуваат и Lexus, Toyota има за цел да ја зголеми глобалната продажба на 3,5 милиони единици на целосно електрични возила. Најдоцна до 2035 година Toyota планира во Западна Европа да нуди исклучиво автомобили без емисија на штетни гасови, под услов да има соодветна инфраструктура за полнење на електрични автомобили и полнење гориво за модели со погон на водород.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER