Toyota Urban Cruiser – клон на Suzuki e-Vitara (фото-галерија)

Како новогодишен подарок Toyota ја изненади европската јавност – го лансираше електричниот кросовер Urban Cruiser

Вести за појавувањето на ваков модел всушност имаше и порано, веднаш по претставувањето на Suzuki e-Vitara но тогаш некако останаа надвор од видокругот на јавноста. Сега веќе сé станува јасно бидејќи Urban Cruiser не е ништо друго освен ребрендирана верзија за извоз на компактниот кросовер кој ќе се произведува во Индија.

Овој модел кој далеку отстапува од дизајнот на новите електрични возила на јапонската марка ќе биде достапен со два пакета батерии од 49 или 61 киловат-часа и погон на предните или сите тркала. Во првиот случај електромоторот располага со 144 коњски сили, кај посилната верзија тој има 174 додека кај изведбата со погон на сите тркала е за десет коњски сили помоќен. Податоци за автономијата нема. Од Toyota истакнуваат дека каросеријата нема попречни носачи во подницата што остава повеќе простор за батериите заради што тие можат да бидат и со литиум-железно-фосфатна технологија.

Должината од 4,3 меѓуоскиното растојание од 2,7 метри и задната клупа која се поместува овозможуваат пространа внатрешност и поголема флексибилност. За теренски возења карактеристиките се засилени со електронски систем за спуштање по надолница, режим за возење по снег и контрола на пролизгувањето на погонските тркала. Недостатокот на детални спецификации е забележлив заради што ќе мора да се стрпиме уште малку до салонот на автомобилите во Брисел кој се одржува во јануари, каде ќе биде официјалната премиера.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER