Toyota Highlander – Потврдена за Америка

Toyota со новата генерација на Highlander направи радикален исчекор – освен што исто има три реда седишта ништо друго не е заедничко со сегашната генерација.

Изгледот е инспириран од концептот bZ Large SUV од 2021-вата и има електричен погон. Предниот дел е прилично рамен со тенки светла и дискретни отвори за воздух во долниот дел од браникот. Лаковите на крилата благо се проширени додека задниот дел со својата масивност изгледа малку безлично.

Димензиите му се за почит – должината надминува пет метри, во широчина стига до скоро два а меѓуоскиното растојание е растегнато на малку над три метри. Тоа секако обезбедува значајно поголем простор во внатрешноста која е со современ распоред, голем централни екран и богата опрема.

Новиот Highlander ќе биде достапен во верзии со 221 коњска сила и погон само на предните или пак со два електромотора со 338 коњи кои ги задвижуваат сите тркала. Во зависност од тоа е и капацитетот на батериите кои овозможуваат автономија и до 515 километри.

Ќе се произведува во фабриката на Toyota во сојузната американска држава Кентаки а на пазарот треба да стигне пред крајот на оваа година. Цените не се познати исто како и тоа дали ќе биде понуден и во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER