Чекор назад, за два напред!?
Спортот е главен генератор на прогресот
објавено 18. јануари 2021
Toyota како актуелен светски шампион и трикратен победник во Ле Ман ќе продолжи да се натпреварува и годинава на Светскиот шампионат во издржливост со новиот хипер-автомобил Le Mans GR010 хибрид. Станува збор за тркачка верзија на идното возило GR Super Sport кое ќе има патна хомологација, а ќе се вбројува во класата хипер-автомобили бидејќи ќе ја користи технологијата потврдена во TS050 Hybrid. GR010 Hybrid беше заеднички развиен во текот на изминатите 18 месеци од инженерите во седиштето на тркачкиот тим во Келн и експертите за електрични хибридни погони во Техничкиот центар Хигаши-Фуџи во Јапонија.

Хибридниот погон со пренос на сите тркала се состои од 3,5-литарски V6 твин-турбо мотор со 680 коњи за задните тркала и мотор-генератор со 272 коњи за предната оска. Бидејќи регулативите дозволуваат само максимална моќност на системот од 680 коњи, интелигентната електроника ја намалува моќноста на моторот според количината на искористувањето на хибридниот засилувач. Тркачкиот тим на Toyota Gazoo Racing ќе има иста постава на возачи како и во сезоната 2019/2020. Ново крунисаните светски шампиони Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез ќе возат GR010 хибрид со почетен број 7, додека Себастијан Буеми, Казуки Накаџима и Брендон Хартли ќе возат сестрински автомобил со почетен број 8. Ник де Врис ќе остане со тимот во неговата улога на тест и резервен возач.Дел од новите регулативи на Светскиот Шампионат во издржливост, меѓу другото, имаат за цел да ги намали трошоците. Новиот GR010 Hybrid е потежок за 162 килограми и има 32 проценти помалку моќност од неговиот претходник TS050 Hybrid. Како резултат, времето на кругот на Ле Ман веројатно ќе биде за десет секунди побавно. Значително се разликуваат и димензиитеи од TS050 Hybrid. GR010 Hybrid е 25 сантиметри подолг и десет сантиметри поширок и повисок. Прописите дозволуваат само еден хомологиран пакет на каросеријата со само еден прилагодлив аеродинамичен уред. GR010 Hybrid затоа ќе се натпреварува на правци со мала и голема моќност во истата спецификација. Поради различните концепти на возила со кои на тимовите им е дозволено да се натпреваруваат во класата хиперкар, системот на BoP Balance of Рerformance за прв пат влегува во игра на WEC и во серијата Ле Ман. Ова значи дека организаторите ги менуваат перформансите на секој автомобил од трка до трка, регулирајќи ја потрошувачката на енергија и тежината со цел да се добие најмногу избалансиран потенцијал за перформанса. Сезоната започнува со трката 1000 милји Себринг на 19 март.



