Toyota – GR Yaris H2

Успешен тест на водородниот погон

Дека многу сериозно размислува за алтернативните погони Toyota покажа на штотуку завршеното рели во Белгија. Како дел од Светскиот рели шампионат каде јапонците успешно настапуваат, на брзинските испити околу градот Ипр, во текот на трите натпреварувачки денови го прикажаа GR Yaris H2. Овој експериментален автомобил успешно ги апсолвира првите демонстрациски возења, но погонот не му беше на горивни ќелии, како што е кај Mirai, туку со впрскување на водородот во цилиндрите каде согорува. Овој погон беше развиен за GR Corolla H2, која се натпреваруваше минатата година во азискиот шампионат за издржливост Super Taikyu и исто така учествуваше на овогодинешниот Fuji 24 Hours предизвик. На релито во Ипр, GR Yaris H2 настапи на по една етапа, а прототипот го возеше четирикратниот светски шампион и рели легендата Јуха Канкунен. Првичните настапи покажаа охрабрувачки резултати па може да се очекува поширока апликација на овој погон на комерцијалните модели. Со оглед дека овој принцип на употреба на водородот ќе го продолжи животот на моторите на внатрешно согорување во однос на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови, можно е масовно да се примени од останатите производители. Toyota не е единствената марка што развива ваков погон. Само за потсетување, BMW веќе две децении го развива и има неколку експериментални модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER