Toyota GR Yaris – Поскап од Lexus RX 450h

Ентузијастите се остреа, но во одредени ЕУ земји, поради давачките, цената на GR Yaris ја надминува границата од 110.000 евра!

Желно очекуван почетокот на претпродажбата на новиот GR Yaris кој просто плени со перформансите што му ги обезбедуваат трицилиндричниот турбо мотор со триста коњи и осумстепениот автоматски менувач. Но и најголемите ентузијасти си ставија прст на чело. Во Франција, на пример, за овој ултралут тркач ќе мора да платат повеќе од сто илјади евра.

Имено заради високите давачки кои зависат од количината јаглерод диоксид во издувните гасови цените што ги одредува Toyota за купувачите се зголемуваат повеќе од двојно. Така ако за GR Yaris со мануелен менувач Јапонците бараат 46.300 евра со вклучен ДДВ, државата ќе накалеми уште толку. Верзијата со автоматски менувач е за 2.500 евра поскапа, но давачките за неа се поголеми уште за 14 илјади евра.

Ако пак купувачот се определи и за двете единствени можни дополнителни опции, крајната сума што ќе треба да ја плати изнесува точно 112 илјади и 500 евра. Но и покрај сé, Toyota се надева дека во Франција ќе продаде 300 примероци од своето ѕверче. Од купувачите засега се бараат само 1.000 евра аванс, а испораките ќе започнат пред крајот на годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER