Toyota – GR 86

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Рокада на букви и кубатура

На пролет доаѓа новата верзија на купето со погон на задните тркала!

Во финална фаза на развој е GR86 кој во потполност е инспириран од досегашниот GT86. Толку се слични што може да се разликуваат, барем досега додека е во геометриски шари, само по техничката спецификација на моторот. Од Subaru превземен е четири цилиндричниот боксер, сега со зголемена зафатнина на 2,4 литри и 34 коња повеќе. Како резултат на тоа, GR 86 забрзува од нула до 100 km/h за 6,3 секунди и со што е повеќе од една секунда побрз од неговиот претходник со 200 КС.

Максималната брзина е 226 km/h со мануелен и 216 km/h со автоматски менувач. Редизајнирани се подвозјето и потпирањето за да ги приспособат карактеристиките на управување и одзивноста на дополнителната моќност на моторот. Лесните материјали со висока цврстина обезбедуваат дополнителна издржливост со намалена тежина и го снижуваат центарот на гравитација на возилото. Она што не може да се види на прв поглед е дека GR е десет милиметри понизок од GT и дека меѓуоскиното растојание порасна за пет милиметри. Како и кај GR Supra, LED фаровите се распоредени во L-облик. Каросеријата доби аеродинамична оптимизација во многу области.

Мултифункционалниот екран го информира возачот за моменталната состојба на возилото во секое време и го поддржува при менување брзини. Фабричката дотераност ќе му биде погодна за тркачка патека, а поради лесната конструкција и погонот на задните тркала би била лесна за дрифтање. За вистинските возни својства и цената ќе мора да ја почекаме идната пролет кога ќе биде лансиран GR 86.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER