Ново поле на влијание
Со новиот бимодулен погонски систем Toyota повторно го измислува тркалото
Високите еколошки норми влијаат и на масовниот транспорт. Во повеќето развиени земји железницата игра водечка улога на превоз на патници и роба, па логично е и на шините да се примени движење со нула емисии. За тоа нуди солуција Toyota која во фаза на тестирање го пушти хибридниот погон сочинет од горивни ќелии на водород и струја. Компанијата ќе испорача вкупно шесте модули за горивни ќелии за бимодулен хибриден воз со нулта емисија, кој се развива како дел од европскиот проект „FCH2RAIL“. Локалниот воз отстапен од шпанската државна железница Ренфе ќе биде опремен со таканаречениот „Fuel Cell Hybrid Power Pack“.

Бимодулниот погонски систем го комбинира снабдувањето со електрична енергија од горивни ќелии и батериски систем на водород инсталиран на покривот од возот, идентичен со оној што се вградува во Mirai. Модулите со горивни ќелии се доставени до шпанскиот центар за истражување на водород Centro National de Hidrogeno (CNH2) каде се тестираат и батериите. Шпанскиот производител на возови CAF потоа ги инсталира модулите како дел од хибридниот погон во возот. Откако ќе заврши интеграцијата, конзорциумот ќе ги започне првите функционални тестови и испитувања за процесот на одобрување на шпанските и португалските линии.


