Toyota Corolla Cross – Ја потполни понудата во Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Помалиот брат на RAV4

По Азија, двете Америки и Европа, Toyota Corolla Х пристигна во Македонија.

Овој модел првично беше претставен пред повеќе од две години, но патот до европскиот пазар траеше повеќе од очекуваното.Причините за тоа беше планирањето на производството кое започна од Азија, а подоцна од латинска па северна Америка.

Европската верзија доаѓа од производствените погони од Јапонија, па веќе на почеток е оптеретена со царински давачки. Како што доликува на најпродаваното возило на светот, Corolla во своето кросоверско издание има смирен изглед , практичноста на каросеријата е поголема а внатрешноста позната од стандардната Corolla. Поради концептуалната разлика има повеќе простор за патниците.

Со должина од 4,46 метри, што е за десетина сантиметри помалку од RAV4, го доби прекарот „помалиот брат на RAV4“. Црните елементи на каросеријата со кои таа добива теренски изглед. Прикажаните експонати се опремени со дволитрен бензински мотор кој со поддршката од хибридната технологија има системска моќност од 198 КС кои ги пренесува на предните тркала преку CVT менувач. Заинтересираните може да се уверат во практичноста на Corolla X во салонот на Тојота Авто Центар каде ќе ги добијат сите информации.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER