Умно решение
Во соработка со францускиот Douze Cycles Toyota понуди уникатно решение за оние кои сакаат да ја чуваат околината но имаат потреба од транспорт на стоки. Овој товарен велосипед има повеќенаменска корпа со капацитет од 270 литри во која, ако треба, можат да се превезуваат и две деца. Во духот на времето на велосипедот му помага електромотор интегриран во долниот носач, а батериите овозможуваат автономија од 100 километри. Носивоста е сто килограми, а за совладување на сите урбани предизвици е задолжен десетстепен менувач, Вилушките се со амортизери, а за сопирање се грижат хидраулични управувани дискови.