Кога се појави во 2016 година, C-HR ги скрши скрупулите дека Toyota произведува само досадно дизајнирани автомобили.
Поминаа осум години од лансирањето на C-HR (Coupé Highrider), но овој модел сé уште продолжува да ги интригира купувачите. Втората генерација се појави на пазарот на почетокот на годинава што изминува. Пред да заврши годината, C-HR ќе достигне над еден милион продадени возила во Европа. Тојота го нуди C-HR во две целосни хибридни верзии со мотори од 1,8 и 2,0 литри и како приклучен хибрид.