Toyota е подготвена за уште една револуција, овој пат во електрични летечки такси

За развојот ќе биде задолжена калифорниската  компанија Joby Aviation во која Јапонците решија да вложат дополнителни половина милијарда долари. Соработката започната уште во 2020-тата досега резултираше со функционални прототипи, а дел од новопристигнатите инвестиции ќе бидат искористени за проширување на производствените капацитети. Сето ова јасно значи дека постојат сериозни намери да се стартува со летечки такси услуги веќе идната година, како што и беше предвидено.

Покрај завршувањето на развојот на леталата треба да се набави и уште една од вкупно потребните пет дозволи од властите. Параметрите на летечкиот такси не се целосно  објавени но се гледа дека има шест мотори со механизам со кој се менува нивниот агол заради што ќе може да полетува и слетува како хеликоптер, а да лета како класичен авион. Замислата е покрај пилотот да има место за четворица патници кои би патувале со максимална брзина од 320 километри на час. На слични планови за летечки такси работат уште и Hyundai, Stellantis и кинескиот Xpeng.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER